Мишел Фајфер плати 22,5 милиони долари за луксузен имот, а сега конечно го исполнува сонот за совршен дом! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Легендарната холивудска актерка Мишел Фајфер (61) на 17 јануари купи нов имот и вила во Пацифик Палисад во елитниот дел од Лос Аџелес на океан, кој моментално го реновира.

Откако речиси еден месец помина во изолација поради пандемијата од коронавирусот, таа во вторникот реши да го посети имотот за да провери како се одвиваат работите со реновирањето.

Актерката, зад себе има три номинации за Оскар, заедно со својот втор сопруг Дејвид Е. Кејли го купија имотот во медитерански стил со големина од 10.300 квадратни мерки за 22,5 милиони долари, во јануари годинава.

Фото: Профимедиа

Мишел за разгледување на градежните работи на новата вила облече џемпер и пар широки фармерки, а носеше сандали од модната куќа „Birkenstock“. Околу вратот можеше да се забележи црвена марама, а на главата плетен шешир.

Откако прошета неколку кругови во дворот, Фајфер поразговара и со човекот кој е одговорен за реновирањето.

Фото: Профимедиа

Тој носел заштитна маска за лице, додека актерката му ги изнесувала своите желби и му објаснувала како сака целото тоа да изгледа.

Она што е интересно е дека при оваа посета два камиони донеа нешто што е сон на секоја славна убавица – да биде опкружена со бројни дрвја и цвеќиња, па токму тие дрвја и беа испорачани на преубавата Мишел, која сега го остварува сонот за совршен дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот