Мишел: ЕУ нема да користи вакцини за пропагандни цели

Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Претседателот на Европскиот Совет (ЕС), Шарл Мишел, денеска, по повод медиумски добро следената кампања за испорака на вакцини против ковид-19 од Кина и од Русија во други земји, нагласи дека Европската Унија (ЕУ) нема да користи вакцини за пропагандни цели.

– Ние не треба да дозволиме да бидеме измамени од Кина и од Русија, режими со помалку пожелни вредности од нашите. Тие организираат многу ограничени, но добро промовирани акции за снабдување на други земји со вакцини. Европа нема да користи вакцини за пропагандни цели, ние промовираме наши вредности, наведе Мишел во својата изјава.

Претседателот на ЕС забележал дека, според достапните податоци, Кина и Русија примениле двојно помалку дози на вакцините против ковид-19 на 100 жители отколку што е случај во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот