Мисајловски од Минхен: над 32 отсто од буџетот за одбрана се за модернизација на Армијата
Македонија обезбеди најголем буџет за одбрана во изминатите три децении, тврди од Минхен министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Препорачано
Според него, повеќе од 32 отсто од буџетот, предвидени за одбраната, се наменети директно за модернизација на Армијата, што подразбира реализација на нови проекти, сервисирање на преземените обврски од минатото, како и започнување преговори со повеќе држави уште од оваа година.
Мисајловски најави дека набргу се очекува склучување низа нови договори за набавки и за модернизација, со проекции за период од следните десет години.
Министерот нагласи дека ваквите вложувања произлегуваат од обврските што земјата ги презела со членството во НАТО и од целите за развој на одбранбените капацитети, како и од потребата од понатамошно усогласување со новите стандарди и приоритети на Алијансата.
Тој потсети и на одлуката донесена во Хаг за зголемување на издвојувањата за одбрана на 3,5 отсто, оценувајќи дека станува збор за сериозен финансиски ангажман за државата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
54сек
-
6мин
-
23мин
-
42мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


