Мирковски и следната сезона ќе биде тренер на КК Куманово

Тренерот на КК Куманово, Владимир Мирковски/Фото: facebook.com/kumanovokk

Официјално денеска кошаркарскиот клуб Куманово 2009 и актуелниот тренер на оваа екипа и шеф на стручниот штаб Владимир Мирковски ја продолжија соработката на уште една година.

Мирковски во КК Куманово 2009 се врати на полусезоната и го врати клубот на победничките патеки со што управата му ја додели довербата да ја води екипата и наредната натпреварувачка сезона.

Годинава Мирковски со тимот се избори за опстанок во Првата кошаркарска лига и покрај финансиските проблеми со кои се соочи клубот сезонава.

Во својата богата кариера Мирковски освен на тренерската позиција во Куманово, беше предводник и на ФМП и МЗТ Скопје.

За Куманово до крајот на сезоната остануваат уште три натпревари во Суперлигата против ФМП Академија, Работнички и МЗТ Скопје Уни Банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот