Мираковски: Со четири натпревари за осум дена, невозможно е да одиграме добро

Тренерот на Работнички, Димитар Мираковски очекувано не е задоволен од прикажаната игра на неговите кошаркари во поразот од Студентски центар од 98:68, но вината не ја гледа во неговиот тим туку во заморот и набиениот распоред на натпревари.

– Студентски центар е фаворит број еден за влез во АБА лигата. Им честитам на победата. Едно можам да кажам, среќа што не се повреди некој. Ова е четврти натпревар за нас во осум дена, имавме дерби против МЗТ Скопје, а патувавме и 1.000 километри за да дојдеме до Златибор. Физички невозможно беше за нас да играме на овој наптрвеар. Уште еднаш честитки за противникот, а ние ќе гледаме да се одмориме во наредните два дена за да можеме да пружиме подобри игри во продолжение од турнирот. Имаме лоша среќа да мора да играме 8-9 натпревари за 18 дена, а нашето барање да ни биде одложен натпреварот од домашното првенство против Кожув не беше прифатено – изјави Мираковски по натпреварот.

Нареден противник на Работнички во „меурот“ на Златибор ќе биде тимот на Подгорица кој утре ќе игра против вториот македонски тим, МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот