Миовски ги одигра последните 20 минути во снежното реми на Абердин во Конференциската лига

Фудбалерите на шкотскиот Абердин/фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Во петтото претпоследно коло од групата „Г“ во Конференциската лига фудбалерите на Абердин ремизираа на гостувањето кај ХЈК со резултат 2:2. На овој меч имаше и прекин поради обилните врнежи од снег во Хелсинки.

Финците водеа со 2:0 со погодоците на Банде и Хостика, а Шкотите дојдоа до бод преку МекДоналд и Дук.

За гостинскиот тим македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ги одигра последните 20 минути. За ХЈК во составот не беше нашиот голман Дејан Илиев кој се опоравува од повредата.

Од оваа група во следната фаза од претходно се пласираа екипите на ПАОК и Ајнтрахт Франкфурт.

Последниот меч на меѓународната сцена сезонава Абердин ќе го има пред своите навивачи на 14 декември против Ајнтрахт Франкфурт.

Плзен го совлада Балкани со 1:0, а тоа значи дека на Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми дома на 14 декември ќе му биде доволен и бод против Балкани за пласман во плеј-офот, односно 1/16 финалето.

Во другите денешни мечеви: Бреидаблик – Макаби Тел Авив 1:2, АЗ Алкмаар – Зрињски 1:0, Бешикташ – Клуб Бриж 0:5, Бодо/Глимт – Лугано 5:2, Гент – Зорја Луганск 4:1, Клаксвик – Слован Братислава 1:2, О. Љубљана – Лил 0:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот