Миовски: Да се даде гол за репрезентација е најубаво чувство што може да го има еден фудбалер

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бојан Миовски на најдобар можен начин го одбележа првиот настап како стартер за македонската репрезентација иако досега забележа десет настапи во националниот  дрес.

Тој постигна два гола во убедливата победа од 4:0 над Гибралтар во Лигата на нации.

– Добро го почнавме натпреварот и дадовме гол во третата минута, по што сè беше лесно за нас. Постигнавме четири гола за 30 минути, а во второто полувреме се случија повеќе замени и падна нашата игра. Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство кое може да го почуствува некој фудбалер. Среќен сум што дадов два гола, но повеќе сум среќен за победата. Додека има математички шанси за првото место во групата ќе веруваме, ќе се бориме до крај и ќе дадеме се од себе за победи против Бугарија и Грузија – рече Миовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот