МИОА го врати назад предлог Законот за висока раководна служба на Манчевски

Од Министерството за информатичко општество и администрација потврдуваат дека предлог законот за висока раководна служба е повлечен од собраниска процедура. Предлогот откако беше усвоен на владина седница уште минатата година во декември стигна пред пратениците, односно во Комисијата за политички систем, но не дочека да биде разгледуван на пленарна седница.

– Да, предлог законот за висока раководна служба е повлечен од собраниска процедура, а тоа е направено поради потребата од доуредување на одредени одредби од законот, кои ќе бидат усогласени со измените и дополнувањата на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници, велат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Со предлог законот се предвидуваше директорите на јавните инстиуции да ги бира специјално формирана Комисија за селекција на високата раководна служба, чии членови ќе го минат процесот на составување налик оној на актуелниот состав на Антикорупциската комисија.

Властите назначуваат директори по старите правила, намерно ли се пролонгира новиот Закон за раководна служба?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот