Минусни температури утрово на Попова Шапка и во Лазарополе и Маврово

Попова Шапка/ Фото: mia.mk

Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Лазарополе со -2 степена измерени во 7.30 часот, а минусна е температурата и во Маврово, еден степен под нулата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Крива Паланка е измерен 1 степен, 3 степени во Виница, Битола, Крушево, Тетово и Куманово, 4 во Скопје, Прилеп, Берово, Охрид и Штип, 5 степени во Претор и Струмица, 6 во Демир Капија и 7 степени во Гевгелија.

Според мерењата во 7 часот утрово, најмногу дожд во 24 часа е наврнат во Берово, 11 литри на квадратен метар, 7 во Пожаране, 5 во Охрид и Маврово, 4 литри воден талог има во Попова Шапка и Лазарополе, 3 во Тетово, Виница и Крушево, 2 во Дојран, Струмица, Ѓуриште и Претор и 1 литар на квадратен метар во Куманово, Гевгелија, Скопје – Зајчев Рид и Крива Паланка.

УХМР информира дека претпладне ќе биде променливо облачно со повеќе облачност во западните делови и со слаб до умерен ветер од северен правец поизразен од изутрина и претпладне долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал 8 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено до значително облачно со повремено умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ветерот ќе ослаби. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот