Министерството за финансии на САД: Нашиот банкарски систем е стабилен, Американците можат да бидат сигурни

Банкарскиот систем на САД е силен и Американците можат да бидат сигурни дека нивните влогови ќе бидат достапни секогаш, благодарејќи на одлучните чекори преземени откако банката на Силиконската долина беше неспособно да го запре подигањето на влоговите што доведе до нејзин колапс, изјави министерката за финансии на САД Џанет Јелен.

Таа синоќа настапи пред сенатската Комисија за финансии укажувајќи дека Министерството за финансии и другите регулатори презеле вонредни мерки за засилување на довербата на населението кон банкарскиот систем.

„Можам да ги уверам членовите на комисијата дека нашиот банкарски систем е сигурен и дека Американците можат да бидат уверени дека нивните влогои се целосно заштитени“, изјави Јелен.

-Дејствијата преземени неделава ја демонстрираат нашата одлучност за приврзаност кон обезбедување на влоговите на штедачите.

Ова беше прво настап на Јелен во Конгресот, откако минатиот викенд беа преземени вонредни мерки за подршка на штедачите и зголемување на ликвидноста на банкарскиот сектор на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот