Министерот Филипче ќе ургира ,,Бутел” да ги поевтини погребите од Ковид 19

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

На денешната прес конференција Слободен печат му постави прашање на министерот за здравство Венко Филипче околу високите сметки за погреби кои семејствата на починатите пациенти од коронавирус ги добиваат за основни погребални услуги од Бутел. Откако пациентите со коронавирус ќе починат во болнички услови, потоа семејствата се изложени на трошоци за погребално кои некогаш се и двојни споредено со оние без Ковид 19. Се наплаќаат два сандака, и лимен и дрвен, пластична вреќа од 1.950 денари, залемување од 4.000 денари и така натаму.

-И до мене стигнаа информации за трошоците за погреб и големи се навистина разликата во сметките. Разговарав со директорот на погребното претпријатие „Бутел“ и тој ми објасни зошто се големи заради дополнителната опрема која што ја даваат и од кај што ја набавуваат. Но со оглед на тоа дека разговаравме дали може тие трошоци некако да се намалат, директорот зема обврска да направи анализа и пресметка и во текот на утрешниот ден да не извести. Ќе ја известиме јавноста и ми остави впечаток дека сака да излезе во пресрет па сметам дека има простор да очекуваме од нив таа цена да ја намалат, рече Филипче.

Во врска со состојбата на психијатриското одделение во 8 Септември, тој рече дека има една позитивна докторка таму и направена е анкета.

– Бројот на хоспитализираните пациенти на психијатриското одделение не само во 8 Септември туку и секаде е значајно намален. Колегите ги дадоа телефоните за телепсихијатрија и мислам дека тој систем добро функционира и во таа смисла и одделението во 8 Септември, посочи министерот.

Семејствата на починатите од Ковид 19 плаќаат поскапи погреби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот