Евра/ Фото: архива

Минималната плата во ЕУ од 620 евра во Бугарија, до 2.704 евра во Луксембург

Заводот за статистика на Европската Унија – Евростат денес објави дека 22 земји од 27 земји на ЕУ објавиле минимални плати на 1 јануари, кои во 14 земји се над 1.000 евра. Според податоците минималната плата е помала од 1.000 евра во Бугарија (620 евра), Латвија (780 евра), Романија (795 евра), Унгарија (838 евра), Естонија (886 евра), Словачка (915 евра), Чешка (924 евра) и Малта (994 евра).

Во осум земји минималната плата е помеѓу 1.000 и 1.500 евра – Грција (1.027 евра), Хрватска (1.050 евра), Португалија (1.073 евра), Кипар (1.088 евра), Полска (1.139 евра), Литванија (1.153 евра), Словенија (1.278 евра) и Шпанија (1.381 евра). Највисоките минимални плати се во Франција (1.823 евра), Белгија (2.112 евра), Холандија (2.295 евра), Германија (2.343 евра), Ирска (2.391 евра) и Луксембург (2.704 евра). При споредба на минималната плата и куповната моќ, Германија, Луксембург, Холандија, Белгија, Ирска, Франција, Полска и Шпанија се рангираа најдобро.

Втората група ги вклучува Словенија, Литванија, Хрватска, Романија, Португалија, Грција, Кипар, Унгарија, Малта, Словачка, Бугарија и Чешка. Латвија и Естонија имаат најлош сооднос на минималната плата и куповната моќ – објави Евростат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот