Мини Маус не е повеќе во црвеното фустанче со бели точки: Еве како изгледа модерната Мини

мини маус
Фото: EPA-EFE/ANDREW GOMBERT

Мини Маус добива апдејт  на облеката и нејзиниот добро познат и препознатлив аутфит.

Оваа недела Дизниленд Париз објави дека Мини ќе се откаже од својот препознатлив црвено-бел фустан со точки за нов изглед во чест на претстојната прослава на 30-годишнината на тематскиот парк.

На Твитер, забавниот парк во Франција ја откри новата облека на Мини, дизајнирана од Стела Макартни, што сега се морнарски панталони со црни точки спарени со машна.

„Стела Макартни го дизајнираше првиот костум со панталони на Мини Маус и тој е прекрасен“, твитна Дизниленд Париз заедно со новата облека на Мини.

Откако беше разоткриен новиот костум за панталони на Мини, 50-годишната британска модна дизајнерка разговараше со фан клубот на Дизни, „Д23“, за нејзината соработка со Дизниленд Париз.

„Мини отсекогаш имала посебно место во моето срце. Ние споделуваме исти вредности. Она што го сакам кај Мини е фактот дека таа ја отелотворува среќата, самоизразувањето, автентичноста и дека ги инспирира луѓето од сите возрасти ширум светот. Плус, таа има одличен стил!“, изјави Стела.

мини маус
Фото: EPA-EFE/SEBASTIAO MOREIRA

„Оваа нова слика за нејзините препознатливи полкови точки ја прави Мини Маус симбол на напредок за новата генерација. Таа ќе го носи во чест на месецот на женската историја во март 2022 година. Едвај чекам да го видите овој нов изглед во паркот во студиото Волт Дизни!“, додаде Мекартни.

Прославата на 30-годишнината на Дизниленд во Париз ќе започне на 6 март.

мини маус
Фото: EPA-EFE/ANDREW GOMBERT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот