Минатата година во ЕУ починале повеќе луѓе, отколку во изминатите 60 години

Profimedia

Европската унија во текот на 2020 забележа најголем број на смртни случаи во последните 60 години година поради пандемијата на коронавирусот, објави Евростат.

Во земјите членки на ЕУ починаа 534.000 луѓе повеќе отколку во 2019 година (+11 проценти). Бројот на загинати се зголеми од 4,7 на 5,2 милиони. Таа бројка ги одразува ефектите на пандемијата, според Евростат. Портпаролката прецизираше дека ова е најголем број на смртни случаи во една година од 1961 година, прва година откако статистиката е достапна за сите тие земји.

Бројот на загинати се зголеми во сите земји-членки на ЕУ за време на периодот, особено во Италија (+111.700, +18 проценти), Шпанија (+75.500, +18 проценти) и Полска (+67.600, +17 проценти), според Евростат. Ова зголемување на смртноста придонесе за благ пад на населението во ЕУ во 2020 година, од 447,3 на 447 милиони (-312 000).

Се помалку родени деца

Бројот на раѓања продолжува да опаѓа. Природниот прираст, разликата помеѓу бројот на раѓања и смртни случаи, е негативен од 2012 година (освен во 2014 година, кога беше нула).

Од 2001 година до крајот на 2019 година, населението се зголеми за 4 проценти, што се должи пред се на имиграцијата на мигрантите. Во 2020 година, бројот на мигранти падна, исто така, поради пандемија. Главниот елемент што го објаснува падот на популацијата е влијанието на пандемијата врз смртноста, рече експертот на Евростат, Gампаоло Ланзиери, на презентација на податоци на Интернет.

Населението најмногу падна во Италија (-384.000, -0,6 отсто од населението), следена од Романија (-143.000, -0,7 отсто) и Полска (-118.000, -0,3 отсто). Вкупно девет од 27 земји-членки забележаа пад на населението во 2020 година, а 18 се зголеми, како што е Франција (+119.000, +0,2 проценти), каде што бројот на раѓања беше поголем од бројот на смртни случаи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот