Такуми Минамино кариерата ја продолжува во Лига 1/фото: EPA-EFE/Chris Brunskill

Минамино го напушта Ливерпул и се сели во Монако

Францускиот прволигаш Монако постигна договор со Ливерпул за купување на Такуми Минамино, објавија денеска британските медиуми.

„Скај“ пишува дека Монако на Ливерпул ќе му плати 15 милиони евра, а сумата може да се зголеми за дополнителни три милиони евра преку бонуси.

Во 2020 година, Минамино се пресели од Салцбург во Ливерпул и за англискиот тим одигра 55 натпревари и постигна 14 голови.

Втората половина од сезоната 2020/2021 ја мина како позајмен во Саутемптон, за кого даде два гола на 10 натпревари во Премиер лигата, пред минатото лето да се врати на „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот