Американскиот Сенат со големо мнозинство го изгласа Ентони Блинкен за нов шеф на американската дипломатија. Новиот државен секретар доби 78 гласови „за” и 22 гласа „против”, што е многу подобар резултат од неговите претходници Рекс Тилерсон (56 гласови) и Мајк Помпео (57 гласови).
Голем број републикански сенатори гласаа за Блинкен.
Тој, минатата недела, за време на разговорите во Сенатот вети дека ќе ги „заживее” сојузите кои се загрозени во мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп и ќе ги врати САД на „првата линија” по унилатерализмот и поделбите кои ги застапувала поранешната американска дипломатија.
Идниот американски државен секретар ги придоби симпатиите на републиканците, откако изјави дека Трамп „со право заземал цврст став кон Кина”.