Милијардер од Канада обвинет за силување на 10 тинејџерки на кои им ветувал големи кариери

Фото: Википедиа

Тинејџерките присуствувале на танакаречените „пампер“ забави кои ги организирал Нигард, на кои бармените по негова наредба ги „зачинувале“ пијалоците со дрога за силување, позната како „рохипнол“.

Канадскиот тајкун Питер Нигард (77), е обвинет дека намамил најмалку 10 тинејџерки во својата вила на Бахамите, со ветување дека ќе им помогне во нивните манекенски кариери.

Тие тие биле дрогирани пред да бидат нападнати, силувани и содомизирани, наведува „Дејли меил“. Тужбата против него е покрената во јужниот дистрикт на Њујорк.

Овој случај би можел да биде непријатен и за принцот Ендрју – кој еднаш престојувал во вилата на Нигард – бидејќи го поврзува со уште еден милијардер обвинет за сексуално злоставување на тинејџерки. Принцот престојувал во вилата на Питер Нигард во 2000 година.

Војводата од Јорк веќе е „под лупата“ на јавоста поради својот однос со сега починатиот осуден педофил Џефри Епстајн. Во овој најнов случај, тинејџерките покренале тужба до Федералниот суд во Менхетн, тврдејќи дека биле дел од ланец на сексуална експлоатација.

Тинејџерките присуствувале на танакаречените „пампер“ забави кои ги организирал Нигард, на кои бармените по негова наредба ги „зачинувале“ пијалоците со дрога за силување, позната како „рохипнол“. Неговиот персонал добивал инструкции да наоѓа млади девојки за неговите неделни забави.

Какошто пристигнувале гостите и се пријавувале, нивните податоци се внесувале во база со фотографии, кои наводно сите ги прегледувал и самиот Нигард. На тој начин тој ги бирал своите жртви.

Во тужбата се наведува дека една 15-годишна девојка ја однел на својот имот, каде прво ја силувал, а потоа барал да го задоволи неговиот бизарен сексуален фетиш, познат како копрофилија. Пред да ја силува девојката, наводно и понудил 5.000 долари, а подоцна нудел и 10.000 долари за спроведување на неговиот вознемирувачки фетиш.

Вкупно 10 жени, кои сега имаат меѓу 18 и 36 години, наведоа детали за нивните наводни средби. Девет жени се од Бахамите, додека една е од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот