
Милица Тодоровиќ тврди дека не е повеќе во врска со уапсениот Марио: Еве што изјави неговиот адвокат за целата ситуација
Препорачано
Марио Б, сега веќе поранешното момче на Милица Тодоровиќ, е уапсен по налог на Интерпол во Белград. Неговиот адвокат Александар Шќекиќ сега проговори за апсењето на бизнисменот од Хрватска.
– Хрватска распиша меѓународна потерница против Беришиќ ден пред да замине за Србија, тој не знаел за потерницата. Сметаме дека притворот не е неопходен, ова е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до пет години. Марио често доаѓа во Србија, не дојде овде да се крие – вели Шќекиќ за „Курир“ и додава:
– Марио не е криминалец, тој бизнисмен и заработува многу поголеми суми од спорните 5.000 евра за кои се тетети.

Откако изминаа 24 часа, се огласи и пејачката која изјави дека тие не се повеќе заедно.
– Драги мои луѓе, добро попладне. Како што видовте, не сакав да зборувам во првите 24 часа, но кога видов колку е далеку отидена работава, морав да се изјаснам – почна Милица, а потоа продолжи:
– Сакам да кажам дека немам никаква врска со овој настан, бидејќи веќе некое време не сум во романтична врска. Жал ми е, но така е. Се случуваат добри и лоши работи, што да правиме, таков е животот. Ајде да продолжиме, насмевнете се – рече таа и пушти бакнеж кон камерата, пренесува „24седам“.