Милевски: На добар пат сме да се приближиме уште повеќе кон најдобрите во Европа

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски/Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Македонската А репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар 2022, откако во финалето од баражот загуби во Порто со 2:0 од селекцијата на Португалија.

Нашите сениорска селекција се обиде со сите сили да направи уште едно чудо, но Португалците не дозволија никакво изненадување и ја оправдаа фаворитската улога на стадионот „Драгао“.

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски не е задоволен само од крајниот резултат:

– Мислам дека треба сите да бидеме горди на момците за сиот овој период од септември па сè до денес. Покажаа во нив дека носат голем потенцијал, голем талент и на добар пат се да се приближат уште повеќе кон оние најдобрите во Европа.

Им ја честитам победата на Португалците и нивниот пласман на Светското првенство, им посакувам многу среќа и да одиграат добар Мундијал во Катар. Што се однесува до нас, можам само да бидам горд на моите момци, на начинот на кој што го одиграа и овој натпревар.

ВИДЕО: Македонските фудбалери не успеаја во Порто, Фернандеш е херојот на Португалците

Да, Португалците одиграа поразлично за разлика од дуелот од Турција, затоа што Македонија е поразлична репрезентација и поразлично поставена од Турција. Ние бевме свесни дека после таков натпревар против Италија и на физички и на психички план бевме исцрпени. Знаевме дека физички не можевме да се носиме со Португалија, технички и во посед на топка исто така, и свесно беше поставена таква играта да ги оддалечиме што е можно од нашиот гол и тој посед, што и се случи.

Штета, криво ми е што на тој начин ги примивме головите во период кога бевме доминантни во играта, посебно на почетокот од второто полувреме па до примањето на вториот гол, начин на кој што воглавно играше Македонија. Можам само да бидам задоволен од тоа што го пренесоа на теренот, како што беше замислено, а од друга страна разочаран од резултатот – рече Милевски по мечот со Португалците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот