Милевски: Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас, многу научив и сè уште учам и од вас.

ffm.mk

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски по завршувањето на квалификациите за ЕП, на кое надежите завршија на второто место но не го повторија успехот на генерацијата пред три години да играат на ЕП, испрати благодарница до сите за одличниот настап на оваа генерација во младинската селекција до 21 година.

„Драги наши фудбалери, членови на стручниот штаб, драги луѓе во Фудбалската федерација на Македонија, чувствувам потреба да упатам благодарност кон сите што бевте дел од квалификациите за Европското првенство 2021.

Сите Вие имате заслуга за успехот што го направивме. Од срце Ви благодарам.

Кај мене постои и револт и горчина заради начинот на кој нѐ ни дозволија да се бориме и да бидеме заедно до крај, но наша заедничка победа е тоа што сте и одважни и храбри и со квалитет на нивото на најдобрите во Европа. Тоа се особини на кои укажував и тоа сте вие.

Од нашиот прв собир во Анталија, па се до последниот натпревар против Црна Гора созреавте како личности и како фудбалери, а според она што го прикажавте на терен, стигнавте на нивото кое го посакував. И не застануваме тука. Имаме време и простор за напредок.

Многу научив и се уште учам и од вас. Ми беше задоволство да работам со личности и фудбалери како вас. Бидете и остенете луѓе какви што сте. Потрудете се да напредувате како фудбалери.

Би сакал, исто така да упатам благодарност до Фудбалската федерација на Македонија, до претседателот Сејдини, Управниот одбор и службите во федерацијата. Оваа репрезентација ги имаше сите барани услови за работа, а тоа е многу важно за остварување на резултат на ниво на најдобрите во Европа. Посебно се заблагодарувам за трите чартер летови кои ни ги обезбедивте и дадовте придонес да освоиме седум од можните девет бодови на крајот од квалификациите.

Се надевам дека во иднина само ќе ја надоградуваме заедничката соработка.

Ви посакувам добро здравје на сите“, стои во писмото на Благоја Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот