Милевски ги избра фудбалерите за баражот со Италија, без Несторовски, но со Давид Бабунски

Селекторот ги одбра фудбалерите за бараж натпреварот со Италија/Фото: ФФМ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за полуфиналниот бараж натпревар со Италија и евентуалниот финален дуел по кој ќе биде одреден патникот на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.

Милевски: Фудбалерите треба да уживаат во дуелот со Италија и да покажат дека дека не случајно сме во баражот

Милевски за натпреварот со Италија што ќе се игра на 24 март во Палермо и за еветуалниот дуел со победникот од мечот помеѓу Португалија и Турција на 29 март, повика 27 фудбалери, но меѓу нив не е Илија Несторовски кој нема минутажа во Удинезе. Тој сезонава одигра само 13 минути.  На списокот за дуелот со Италија ги нема ниту суспендираните Тихомир Костадинов и Елиф Елмас. Исто така неизвесно е доаѓањето и на Адис Јаховиќ.

Затоа меѓу повиканите се Давид Бабунски и Кристијан Наумовски кои се враќаат во репрезентацијата по неколкугодишна пауза.

– Што се однесува до напаѓачките опции, Адис Јаховиќ е повикан, но неговото доаѓање е неизвесно. Јаховиќ се соочува со одредени потешкотии, има болки во тетивата и наскоро ќе дознаеме дали ќе може да му се приклучи на тимот. Несторовски не е повикан од причина што во текот на оваа сезона има одиграно само 13. минути во Купот на Италија, но не значи дека нема да сметаме на него за идните активности доколку влезе во натпреварувачки ритам – вели Милевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот