Милан има тројца кандидати за наследник на Гатузо

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Екипата на Милан, откако не успеа да обезбеди учество во Лигата на шампионите за наредната сезона, денеска остана без две клучни имиња, директорот на клубот, Леонардо и тренерот Џенаро Гатузо.

Управата на клубот не губеше многу време и состави кратка листа со три имиња од кои ќе го избере наследникот на Гатузо. Во Милан сакаат тренер кој веќе е докажан во работата со млади и талентирани фудбалери.
На Листата се наоѓаат Еузебио ди Франческо, Леонардо Жардим и Марко Џампаоло.

Ди Франческо по отказот во Рома пред неколку месеци, сè уште е без ангажман, а освен Милан за неговите услуги, сериозно е заинтересирана и екипата на Севиља.

Леонардо Жардим во јануари годинава повторно седна на тренерското столче во Монако и за неговиот избор лобира претседалот Иван Газидис. Жардим е познат како тренер кој редовно им дава шанса на младите фудбалери и со Монако пред три години успеа да стигне и до полуфиналето на Лигата на шампионите .

Марко Џампаоло на листата на потенцијални тренери се најде поради фантастичната работа во Сампдорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот