Милан го промовираше италијанскиот репрезентативец Флоренци

Со Италија успеа да ја освои титулата на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/Paul Ellis

Милан се засилува за настапите сезонава во Лигата на шампионите, денеска клубот го промовираше Алесандро Флоренци кој доаѓа на позајмица од Рома за пет милиони евра со опција за откуп наредното лето.

Италијанскиот репрезентативец кој настапува на позицијата десен бек (може да игра и како лев бек) потпиша договор со „росонерите“ кој ќе трае до 30 јуни 2022 година.

Во последните две сезони беше на позајмица во Валенсија и ПСЖ, а за римската „волчица“ одигра 227 натпревари и постигна 25 голови во Серија А.

Со италијанската селекција успеа да ја освои титулата на Европското првенство.

Беше дел од младинските категории на Рома, каде што дебитираше во Серија А во мај 2011 година. Во сезоната 2011/12, постигна 11 голови на 37 натпревари за Кротоне, по што се врати во Рома.

Во текот на следните осум сезони во главниот италијански град, тој одигра 278 натпревари и 28 пати се запиша во листата на стрелците. Тој се пресели во Валенсија во јануари 2019 година, а потоа во 2020/21 ги бранеше боите на ПСЖ, каде што постигна два гола на 36 натпревари и го освои Купот и Суперкупот на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот