Мила Јововиќ сподели прекрасен момент со 4-месечната ќерка: Благодарна сум за овие моменти со мојата ќерка! (ФОТО)

мила јовович
Мила Јовович / Фото: Profimedia

Американската актерка со српско потекло, Мила Јововиќ (45), се породи на 2 февруари 2020 година на 45-годишна возраст и на светот донесе девојче.

Прекрасната мила ужива во мајчинството и својата трета ќерка која ја доби со сопругот Пол Андерсон.

Таа објави фотографија на која ја дои својата наследничка, пишувајќи дека тоа ѝ е најдрагиот дел од денот.

Instagram

„Многу сум благодарна на овие тивки моменти со моето бебе“, напиша Мила и додаде:

„Негата кон неа ми е омилен дел од денот. Тоа мало колаче ме гледа со очи полни душа, мали рачиња, неверојатен мирис, лелеава коса. Многу го ценам овој период од нашите животи. Толку краток период во мојот живот, но оној кој кој ќе ми ги даде најслатките спомени кога ќе се навратам“, напиша актерката.

Instagram

Покрај објавата следеа голем број на позитивни коментари, а изгледа дека Мила со својата слика охрабри многу жени да го направат истото и споделат вакви моменти.

Потсетуваме дека Мила со својата најмлада ќерка помина низ тежок период откако се породи, бидејќи малата Ошин Ларк Елиот Јововиќ Андерсон доби тежок облик на жолтица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот