Мијалков поднел барање до Апелација бара намалување на казната затвор

Сашо Мијалков
Сашо Мијалков / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков од Апелација бара намалување на казната затвор.  Тој бара од Апелација предвреме да биде пуштен од затвор. Барањето за условен отпуст до судот е пратено на 3-ти месецов.

Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби 3 години затвор. Законот им овозможува на осудениците по истекот на половина од казната и поради добро поведение, да можат да бараат скратување.

Мијалков казната ја издржува во затворот во Струга, откако ја смени адресата на живеење. Станува збор за отворен тип на затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот