Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Михајловски: РК Вардар ќе се пресели во Расадник, клубот бара двајца Македонци за следната сезона

Претседателот на ракометниот клуб Вардар 1961, Михајло Михајловски на денешниот брифинг со новинарите кажа дека играчите на екипата ќе се преселат во Расадник до крајот на јануари.

Таму скопските „црвено-црни“ ќе тренираат и ќе играат помали натпревари, додека поважните мечеви ќе бидат во СЦ „Јане Сандански“.

Воедно, Михајловски изјави дека клубот бара двајца Македонци за следната натпреварувачка сезона, кои би имале важна улога во тимот.

Вардар предводен од тренерот Иван Чупиќ има до сега одлична сезона, моментно е првопласиран во домашната Супер лига, а во ЕХФ Европската лига го освои првото место во групата Ф за пласман во главната фаза во која ќе игра против Мелсунген и Бенфика.

Во средата, клубот ја извести јавноста дека продолжен е договорот со француското лево крило Џуниор Тузолана до 2027 година. Исто така, од јануари ќе дојде и новото засилување, бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва кој потпиша договор до јуни 2028 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот