Мицотакис: Исходот од Самитот не е добар ниту за Балканот, ниту за Грција

Резултатот беше таков што не ни дозволи да донесеме одлука и ова не е добро ни за Балканот ни за Грција, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на прес-конференцијата во Брисел за резултатите од Самитот на ЕУ, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме”, jави дописничката на МИА од Атина.

– Не беше изводливо да се постигне едногласност. Три земји не се согласија, па така, резултатот не беше таков да ни дозволи да донесеме одлука. Сметам дека ова не е добро. И сметам дека не е добро и за општата стабилност на Балканот, бидејќи треба да се задржи отворена европската перспектива на Западен Балкан за да може да постои поголема стабилност и економски просперитет во регионот. Сметам дека не е добро ни за Грција, бидејќи главното оружје што Грција го има во свои раце за да се справи со прашањата што ги има со двете земји се однесува на европската перспектива –  рече Мицотакис.

Прочитајте и...  Бројот на заразени од коронавирус во светот расте пребрзо: Дневно по 100.000 нови случаи

Грчкиот премиер појасни дека колку двете земји се поблиску до европскиот пат, толку повеќе ѝ се дава можност на Грција во рамките на процесот на преговори со Унијата да се справи со проблемите што ги има на билатерално ниво.

Мицотакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан и „има поставено конкретни услови во процесот”, објасни дека на состанокот ги пренел позициите на грчката влада за Договорот од Преспа, зошто сметаат дека е лош договор, но и повтори дека од моментот кога е ратификуван, тие се обврзани да го спроведуваат.

На новинарско прашање дали во Брисел стапил во контакт со премиерот на Северна Македонија, Мицотакис одговори негативно и објасни што точно му кажал на Заев за време на нивната средба во Њујорк.

Прочитајте и...  Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа

– Не стапив во контакт со господинот Заев додека беше овде. На самитот го кажав она што го му го кажав и на самиот господин Заев кога се сретнавме во Њујорк и јасно му реков дека „за мене Договорот од Преспа има проблеми. Тоа е проблематичен договор, но морам да го почитувам и нема Договорот од Преспа да го поставам како пречка за вашиот европски пат, доволно е апсолутно да сум убеден дека си во согласност со овој договор и секако дека покажуваш добро расположение да ги решиш и нерешените прашања што произлегуваат од договорот, како што е основното нерешено прашање што се однесува на трговските ознаки”. Ова ќе му го кажам и кога повторно ќе разговарам со него – рече Мицотакис.

Прочитајте и...  Партијата на Меркел се противи на одлуката на Трамп за повлекување на 9.500 војници

Во однос на внатрешно-политичките случувања кај нас, грчкиот премиер одби да даде било каков коментар.

-Не би сакал да направам дополнителна проценка за тоа што може да се случи во Северна Македонија. Тоа е прашање кое што е внатрешно, кое што се однесува на соседната земја, одговори Мицотакис.

Прочитај повеќе

Полицијата во Хамбург употреби водени топови против демонстрантите, еден полицаец е повреден (ВИДЕО)

Алек Стојковски

Илјадници Израелци протестираа против планот за анексија на Нетанјаху

Слободен печат

Болсонаро по стапките на Трамп: Претседателот се закани дека Бразил ќе ја напушти СЗО

Слободен печат

Одржана втората комеморација во Редфорд, родниот крај на Џорџ Флојд

Слободен печат

Неофашистите предизвикаа нереди во Рим, фрлаа шишиња и петарди по новинарски екипи (ВИДЕО)

Слободен печат

Антонов: Потполна глупост е дека Москва им помага на провокаторите на протестите во САД

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на Даунинг стрит: Полицаец падна од коњот (ВИДЕО)

Слободен печат

Ангеловска: Стапката на невработеност во првото тримесечје од 2020 изнесува 16,2 отсто и е историски најниска

Слободен печат

Истражување: Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор

Слободен печат

Партијата на Меркел се противи на одлуката на Трамп за повлекување на 9.500 војници

Слободен печат

Пазарните инспектори поднеле девет пријави за непочитување на протоколите за работа на угостителските објекти

Слободен печат

Ново жариште на коронавирусот во Иран: Бројот на заразени зголемен заради една свадба

Слободен печат