Мицкоски не дојде да сведочи на рочиштето за „27 април”

Упадот во Собранието на 27 април 2017 / Фото: EPA/MAJA ZLATECSKA

Како сведок на денешното рочиште бил повикан и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но не е присутен поради „приватни причини“.

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани повеќе сведоци, меѓу кои и Коце Трајановски и вешто лице на одбраната.

Како сведок на денешното рочиште бил повикани и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но не е присутен поради приватни причини.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот