Мицкоски за посетата на Кошта: Ќе му ги пренесеме нашите ставови за уставните измени
Нашите ставови во врска со уставните измени ќе му бидат пренесени на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој утре ќе дојде во посета на Скопје, рече премиерот Мицкоски.
Препорачано
„Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што од другата страна ние не гледаме, барем во овој момент, каков било сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источен сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам дека во периодот што следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми“, истакна Мицкоски, во одговор на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.
Мицкоски додаде дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.
Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


