Христијан Мицкоски фото: Фејсбук Мицкоски

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток

Премиерот Христијан Мицкоски на граѓаните им го честиташе големиот христијански празник Велигден.

„Драги пријатели, во овие светли денови на Христовото Воскресение – Велигден, дозволете ми од срце да ви упатам искрени честитки за здравје, мир и благосостојба во секој дом – пишува Мицкоски во пораката, која ја објави на својот профил на Фејсбук.

„Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж“.

„Свесен сум дека постојат неизвесности и предизвици, но нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите. Во духот на овој голем празник, сакам да испратам порака на единство. Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна. Држава во која трудот се вреднува, а иднината се гради врз темели на доверба и одговорност. Нека празничните денови ви донесат спокој, топлина и сила да продолжиме напред, посилни, пообединети и со јасна визија за иднината.
Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!“ напиша Мицкоски.

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | „Христос Воскресе – вистина воскресе“ – православните верници го празнуваат Велигден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот