Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Мицкоски предлага нови заменици-министри во Одбрана и во Образование

Премиерот Христијан Мицкоски доставил до Собранието предлог за именување двајца нови заменици-министри во Владата, информираат од „Илинденска“.

Во дописот упатен до претседателот на Собранието, Африм Гаши, премиерот предлага Адмир Шабани да биде именуван за заменик-министер во Министерството за одбрана, додека Дритон Сулејмани е предложен за заменик-министер во Министерството за образование и наука. Заменик-министер во МОН досега беше Љуљзим Алиу, а во одбрана – Елфет Исмаили.

Од Владата појаснуваат само дека предлогот е поднесен согласно член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Во прилог на дописот се доставени и биографиите на предложените кандидати, како дел од редовната законска процедура.

Собранието треба да го разгледа и да се изјасни по предлогот на некоја од наредните седници, согласно утврдената постапка.

„Со овие предлози се очекува дополнително екипирање на раководните структури во клучните ресори, со цел поефикасно функционирање на институциите и реализација на владините приоритети“, велат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот