Мицкоски: Османи да ја посоветува бугарската колешка да дојде во Ваташа, да клекне и да побара прошка
Министерот за надворешни работи Бујар Османи да го советува новиот шеф на бугарската дипломатија да дојде во Ваташа, да клекне, да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Ваташа на 80 годишнината од убиството на 12-те младинци од Ваташа, на прашањето како ја коментира изјавата на Османи дека по уставните измени Бугарија повеќе нема да ја блокира Македонија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„За да го коментирамн Бујар Османи треба тој да има кредибилитет. Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет и да ми кажува што мисли и како мисли Бугарија, бидејќи многу пати во минатото со своите постапки наместо како министер за надворешни работи на Македонија, каде мнозинска заедница е македонскиот народ да покаже основно и елементарно почитување, тој тоа го пропуштил и не само што го пропуштил туку и го погазил. Јас би му советувал на Османи којшто веќе шест години е дел од оваа Влада да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи да земе еден пример од една европска земја од еден министер за надворешни работи на една европска земја, да дојде тука на споменикот во Ваташа, да клекне, да се извини и да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор во Втората светска војна, тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за било каква прошка“, изјави Мицкоски.
Тој потсети дека таков гест направил поранешниот министер за надворешни работи на Германија Вили Брант кој, клекнал и се извинил за тоа што го направиле германките фашисти во Полска.
„Може тој во име на бугарските фашисти, да дојде тука во Ваташа, да клекне и да побара прошка за тоа што го правеле Бугарите во Втората светска војна, овде во Македонија“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ѝпорача на власта да не ја забораваат и брусат историјата.
„На денешен ден на ѕверски начин 12 младинци се убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна и тоа е чин којшто треба сите да не обедини и чин кој никогаш не треба да го заборавиме. Јас сум свесен дека денеска голем дел од луѓето кои се активни на политичката сцена во лов на сопствена политичка кариера и ден повеќе да бидат активни во политиката подготвени се дури и ваквите моменти да ги заборават, да ги избрусат како што тоа го правеа многу пати во минатото со брусење на други хералдички знаци, но меморијата на овие луѓе никој не може да ја избруси. Таа е вечна и се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација. Фактот е еден, а тоа е дека бугарскиот фашистички окупатор, стрелаше овде во Ваташа 12 младинци“, рече Мицкоски.


