Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ / Фото: Фејсбук / Мицкоски

Мицкоски го пречека Пленковиќ: Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на охридскиот аеродром го пречека својот хрватски колега Адреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на Македонија.

„Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Според агендата, по пречекот, во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Пленковиќ, а во 11:15 часот ќе се одржи владина билатерална средба во хотел „Инекс Олгица“.

Потоа е предвидено двајцата премиери да потпишат договори за стратешка соработка помеѓу двете земји, а македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.

Во 12:30 часот следува заедничка прес-конференција на Мицкоски и Пленковиќ.

За време на престојот на Пленовиќ во Македонија предвидена е и бизнис-средба на сопственици на компании од двете држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот