Мицкоски доби трет и последен мандат да ја води ВМРО-ДПМНЕ
На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата.
Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.
Препорачано
Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски.
„Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема. Ви благодарам за довербата. Ова не е лесен товар, но е товар што го прифаќам со мир. Со мир затоа што знам дека не го носам сам, рече Мицкоски нагласувајќи дека конгресот е важен и поради усвојувањето на стратегијата и доктрината со кои, рече, „создадовме нешто повеќе од политички документи – создадовме национален патоказ“, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
На конгресот во Кавадарци делегатите го реизбраа Мицкоски за лидер на партијата кој беше и единствен кандидат за функцијата.
На конгресот, кој се одржа под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, беа усвоени два политички документа Стратегијата 2025–2030 и Доктрина.
Почна конгресот на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски единствен кандидат за последен мандат


