Mицкоски до Груевски и Ахмети : Што имаше на тајното УСБ ?

Фото: Мицкоски, архива

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во вестите на телевизија Алсат каде одговор даде на неколку актуелни теми деновиве. Мицкоски уште еднаш порача дека иако целта на оската ДУИ, СДСМ и Никола Груевски е носење на уставни измени под бугарски диктат, тоа нема да се случи и тие нема да поминат.

-Нема да се случат уставните измени, ни еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа и тоа се виде на седницата на 18 август, кога 44 пратеници кои гласаа против дневниот ред. Тоа јасно покажува дека немаат двотретинско мнозинство, затоа што ако беа сигурни дека имаат макар и еден, тие ќе одеа до крај на таа собраниска седница, претпоставувам ќе пропаднеше и после тоа хорски ќе бараа оставка на Христијан Мицкоски. И Мицкоски е проблем, затоа што тој не се договара со политички криминалци и разно разни кланови, ниту за политички амнестии, ниту за политички криминали, ниту за тендери затоа што имаме принципиелен став – рече Мицкоски на Алсат М.

Во контекст на измените на кривичниот законик и тајните средби што ги спомена Али Ахмети, тој спомена УСБ што го добиле Ахмети и Талат Џафери во 2022.

-Кога зборувам за тајни средби го кажувам тоа што го кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој самиот кажа дека имале многу тајни средби со Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа потрчаа двајцата да кажат дека не било така, а од ДУИ кажаа дека тоа не биле тајни средби туку средби за Пржинскиот процес, но не се сеќавам дека тогаш се разговараше за членот 353 став 5 или за останатите членови или за измените во Кривичниот законик. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа – рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на денешната негова средба со Гордана Јанкуловска:

„Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, којшто долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката, туку треба да се каже дека никој не е заборавен. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот