Миа Костова победи во 20-дневната битка со коронавирусот

инстаграм

Познатата водителка Миа Костова која неодамна лично ја информираше јавноста преку социјалните мрежи дека е позитивна на КОВИД-19, денес конечно излезе од 20-дневната изолација.

 

Instagram

 

Миа успеа да ги „фати“ зраците на есенското сонце, за кое одбрала исклучителна модна комбинација.

По 20 дена дневна соба, чувството на допир со сонце и улици е како боите на сликава. Само едно огромно благодарам до сите што бевте тука и сите соработници кои во оваа кратка пауза се грижеа само да сум добра. Помина. Ве сакам“, напиша Миа.

 

Instagram

 

По објавата дека имала контакт со позитивно лице и дека се заразила, Миа Костова беше критикувана од многумина заради непочитување на мерките како носење маска и држење социјална дистанца.

Миа, како и секогаш, немаше проблем да зборува и за ова искуство, демантирајќи ги гласините кои кружеа по социјалните мрежи за нејзиното несовесно однесување.

 

Instagram

 

Костова и овојпат беше достапна за дијалог. Во изминатиот период беше посветена и активна на социјалните мрежи, споделувајќи за својата здравствена состојба, симптомите, терапијата, како и за менталното здравје за време на изолацијата и борбата со вирусот.

Нејзините обожаватели имаа што да ја прашаат, а Миа неуморно одговараше на секое прашање со цел да помогне на луѓето кои се во слична ситуација или имаат некој близок што се бори со истите проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот