веменска прогноза, метео, зима
Зима / Фото: МИА

МЕТЕО на УБ: Временската прогноза за денес вели студено и ветровито, за викендот и врнежи

Денес и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес претежно од западен, додека утре од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски.

временска прогноза, славчо попоски
Временска прогноза на Славчо Попоски / Утрински брифинг

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од променлив правец, додека утре истиот ќе биде од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 9 степени.

Потоа под влијание на нов влажен бран од запад, од петок па за време на викендот ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Нешто пониски температури ќе имаме за време на викендот, кога максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот