Метаморфозис: Меѓународниот ден на проверка на факти се одбележува преку напори да се фрли светло врз војната во Украина

И оваа година глобалната заедница на проверувачите на факти, собрана во рамки на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN), во која веќе членуваат организации од над 100 земји ширум светот, го одбележува 2. Април – Меѓународниот ден за проверка на факти, но, за разлика од претходните години, овојпат одбележувањето се одвива во сенка на војната во Украина, истакнаа од Фондацијата Метаморфозис.

– За оваа војна се вели дека е медиумски најмногу покриена досега, во што, се разбира, главна улога има подемот на социјалните мрежи, но, од друга страна, пак, таа се води и под будното око на раширена мрежа на проверувачи на факти од Украина, од европскиот континент и ширум светот, наведоа од Метаморфозис.

Оттаму посочија дека речиси паралелно со почетокот на воените дејствија, проверувачите на факти се организирале и преку иницијативата #UkraineFacts од едно место ги направиле достапни своите истражувања и анализи, овозможувајќи ѝ на меѓународната јавност брзо и едноставно да биде информирана за тоа кои се дезинформациите што кружат во медиумите и на социјалните мрежи.

Од Фондацијата информираа дека во текот на идната недела проверувачите на факти од „Метаморфозис” на социјалните мрежи, преку свои лични видео записи, ќе го одбележат 2. Април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот