Металург со два гола предност ќе гостува во Швајцарија

фото: facebook.com/HCKriensLuzern

Вечерва во првиот натпревар од второто квалификациско коло за пласман во групите на Лига Европа, македонскиот ракометен клуб Металург со 26:24 го совлада швајцарскиот состав на Криенс.

Овој резултат не гарантира мирно гостување во Цирих на 29 септември, но играчите на тренерот Зоран Кастратовиќ ќе се обидат да ја одбранат предноста и се пласираат во групите на ново формираното европско клупско натпревање каде што веќе се наоѓа екипата на Еурофарм Пелистер.

После првото полувреме во Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје тимот од Автокоманда имаше позитива од 14:13.

Златко Хорват и Марко Тарабокиа беа најрасположени на мечот во редовите на Металург со по осум голови, потоа по три имаа Кондев и Серафимов, а по еден Поповиќ, Мариќ, Лазаревски и Додиќ.

На спротивната страна шест погодоци беа дело на Папеж, по четири запишаа Ванер и Лапајне.

Во другите средби од денешната програма во Лига Европа: Азоти Пулави-Кристијанштад 24:25, Бјерингбро/Силкеборг-ЦСКА Москва 26:23, Доброгеа Суд-Спортинг 27.27, ГОГ-Винтертур 33:24, Ѓенѓеш-Фуксе Берлин 23:25, Холстебро-Рајн Некар 22:28, Скјерн-Монпеље 31:30, Бидасоа Ирун-Нексе 30:27, Бенидорм-АОН Фиверс 34:31, Потаиса Турда-Тулуз 35:35.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот