„Металците“ драстично ослабени ќе бркаат плејоф во АБА2 лигата

фото: druga.aba-liga.com

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде драстично ослабена на претстојниот турнир од АБА2-лигата кој ќе се игра на Златибор, бидејќи во последен момент од тимот отпаднаа дури тројца кошаркари и двајца од стручниот штаб.

Металците“ за Златибор заминаа Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет, кои се посериозно повредени. Олуџоби потешко го повреди коленото, за кое лекарите се сомневаат дека има скинати предни лигаменти, но оваа дијагноза допрва треба да се потврди. Доколку е точна првичната дијагноза, тогаш за Олуџоби заврши сезоната. Хасани Гравет пак, има повреда на задната ложа, која воопшто не е наивна и поради која ќе мора да мирува најмалку две недели, а потоа ќе треба да мине и низ период на рехабилитација.

Во Скопје остана и Андреј Магдевски, кому денеска му завршува периодот на изолација по прележаниот коронавирус, поради кој ги пропушти последните средби како и голем број тренинзи. Репрезентативниот бек во договор со тренерот Дарко Радуловиќ договори дека е подобро да не се ризикува и да остане во Скопје.

На пат кон Златибор не тргнаат ниту новите членови на стручниот штаб, Васко Атанасов и Михајло Шејкеровски, кој ќе ја има улогата на кондициски тренер, кои исто така беа позитивни на последната проверка за Ковид-19 пред тргнувањето кон Србија.

Поради сето ова, МЗТ Скопје Аеродром на средбите против Спарс (вечерва од 21 часот), Горица (четврток) и Златибор (недела) ќе настапи со девет кошаркари во ростерот, кои ќе дадат се од себе за да го надоместат отсуството на Магдевски, Гравет и Олуџоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот