Вацап Лого - Фото: Pexels

Мета воведува „инкогнито“ режим на „Ватсап“ за поголема приватност при разговор со вештачка интелигенција

Компанијата Мета во средата објави дека воведува „инкогнито“ режим за корисниците на „Ватсап“, со цел да овозможи приватни разговори со нивниот четбот (Meta AI) и да ги намали грижите околу приватноста на чувствителните податоци. Како што соопштија од компанијата преку блог објава, овој режим овозможува привремени и приватни разговори со Мета АИ – асистентот со вештачка интелигенција кој веќе неколку години е достапен на платформата, пишшува „Текексплор“.

Што нуди „инкогнито“ режимот?

Клучната разлика во овој режим е начинот на кој се обработуваат податоците. Пораките ќе се процесираат во средина до која дури ни Meta нема пристап, а разговорите нема да се зачувуваат и веднаш ќе исчезнат штом корисникот ќе ја затвори сесијата. Ова е одговор на честите критики кон системите за генеративна вештачка интелигенција, кои обично се тренираат користејќи ги податоците од разговорите со корисниците.

Ватсап / Фото: Pexels

Зошто е воведена оваа промена?

Вил Каткарт, директорот за „Ватсап“ во Мета, изјави дека корисниците често поставуваат чувствителни прашања поврзани со финансиите, здравјето или работата.

„Почнуваме да поставуваме многу значајни прашања за нашите животи на системите со вештачка интелигенција, затоа сметаме дека корисниците не треба да бидат принудени да ги споделуваат информациите со компаниите што ги управуваат тие системи“, изјави Каткарт.

Ватсап Лого – Фото: Pexels

Ограничувања и безбедност

Новиот режим доаѓа и со одредени правила. Корисниците ќе можат само да пишуваат прашања и да добиваат текстуални одговори. Нема да биде дозволено прикачување или генерирање слики. Вештачката интелигенција е програмирана да одбие одговори на штетни теми и може целосно да ја прекине интеракцијата доколку се прекршат правилата, а корисниците ќе мора да ја потврдат својата возраст, бидејќи Мета не дозволува користење на своите платформи за лица под 13 години.

Со овој потег, Мета им се придружува на ривалите како Гугл (Џимини) и Опен АИ (Четџипити), кои веќе нудат слични контроли за исклучување на историјата на разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот