Мета нема да оди на сослушување пред анкетната комисија за негово разрешување

Илир Мета / Фото: Архива на „Слободен печат“

Албанскиот претседателот Илир Мета одговори на писмото на Анкетната комисија, која го покани на седница за негово испрашување, за што краен рок е денешниот ден.

Во официјалното писмо испратено од неговиот кабинет до комисијата, пишува дека комисијата ја пропуштила можноста, зашто, доколку сакала да го сослуша, тоа требало да го одржи, по негово барање, на 10 мај 2021 година, со што тој го отфрла ова барање, кое го оценува како политички мотивирано.

-Како прво, би сакале повторно да ве известиме дека албанскиот парламент ја изгуби можноста, доколку сакаше да одржи расправа со претседателот на Републиката, да го одржи по негово барање, на 10 мај 2021 година, со што го одбива ова вештачко и политички ориентирано барање. Со својата активност спроведена со кршење на одредбите, кои треба да ги спроведува, Собранието ја изгуби можноста дадена од Претседателот на Републиката да ги почитува Уставот, Законот и Деловникот за работа на Собранието, стои во известувањето од кабинетот на Мета.

Исто така, во одговорот упатен до Анкетната комисија е наведено дека волјата на претседателот на Републиката е пренесена двапати.

-Како и да е, ви ставаме до знаење дека Претседателот на Републиката јасно го истакна својот став дека не станува страна со никого во кршењето на Уставот на Република Албанија. Претседателот на Републиката не може да разговара, ниту да биде сослушан од структура формирана во Собранието, кое нема легитимитет и не треба да постои според Уставот и законот, наведуваат од кабинетот на Мета.

По иницијатива на владејачките социјалисти, парламентот на 7 мај формира анкетна комисија, за која гласаа 97 пратеници, која во рок од еден месец треба да поднесе извештај за „прекршувањата што ги направил Мета, со цел негово разрешување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот