Меси го минира трансферот на Гризман

EPA-EFE/MARISCAL

Антоан Гризман е се поблизу до трансфер во Барселона, неговиот адвокат денеска треба да пристигне во Каталонија на завршни преговори, но нема да биде пречекан со раширени раце од играчите на „Камп Ноу“ кои не го сакаат Французинот во соблекувалната.

Предводник на бунтот во Барселона, е најголемата ѕвезда, Лионел Меси, кој им кажал на соиграчите дека не се точни онформациите дека веќе разговарал со Гризман и дека едвај чека да пристигне на „Камп Ноу“. Имено, Меси како и поголемиот дел од постарите фудбалери се гневни на Гризман бидејќи минатото лето иако вети, на крајот си го погази зборот и остана во Атлетико Мадрид.

Постарите фудбалери кои излегоа од академијата на Барселона, веќе му соопштиле на претседателот Бартомеу дека Гризман минатата година го искористил каталонскиот клуб за да си издејствува поголема плата и не сакаат некој да си игра со името на клубот.

Играчите но и самиот тренер Ернесто Валверде кој доби поддршка од управата, сметаат дека Гризман не им е неопходен во тимот, на истата позиција игра Осман Дембеле кој имаше одлична сезона, а подобро би било парите да се вложат во ангажман на Матијс де Лихт од Ајакс и за купување на напаѓач кој би бил замена за Луис Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот