Меркел предлага „пауза” од фискалната политика на нејзината Влада

Нема секој ден да се прашуваме што значи тоа за нашиот дефицит. Ова е  посебна ситуација. Ќе го направиме она што е потребно, потенцираше Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска предложи запирање на владината „црна нула” политика, која значи политика без никакво задолжување, јави Дојче веле.

– Нема секој ден да се прашуваме што значи тоа за нашиот дефицит. Ова е  посебна ситуација. Ќе го направиме она што е потребно, потенцираше Меркел.

На денешната прес-конференција за епидемијата на новиот коронавирус, на прашањето дали ќе се придржува до фискалниот план за избалансиран буџет, Меркел одговори дека Берлин ќе направи сè што е потребно за да се забави ширењето на вирусот и да се сузбие неговото влијание врз најголемата европска економија.

– Видете, ќе го правиме она што е неопходно. Парламентарната Комисија за буџет веќе одобри дополнителни средства за здравствениот систем до милијарда евра, потенцираше германската канцеларка.

Во тој контекст таа укажа на финансиските резерви од околу 26 милијарди евра, кои би можеле да се употребат за финансирање на државна помош на компаниите кои спроведуваат режим на скратено работно време.

– Ќе направиме сè што треба за да го пребродиме ова. Потоа, на крајот, ќе утврдиме што тоа значи за нашиот буџет. Сега други работи се приоритет, истакна Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот