Меркел доби поголеми овластување да води порешителна борба против третиот бран на пандемијата на ковид-19

Ангела Меркел со заштитна маска
Ангела Меркел со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER / POOL

Долниот дом на германскиот парламент – Бундестагот, го усвои денеска спорниот амандман на законот, со кој на сојузната влада на канцеларката Ангела Меркел и се даваат овластување да води порешителна борба против третиот бран на пандемијата на Ковид-19.

Измените и дополнувањата на законот за заштита од инфекции предвидуваат автоматско применување на строги ограничувања на национално ниво кога стапката на инфекција ја надминува утврдената граница.

Законот за еднаква примена на „итните сопирачки” во области со високи стапки на инфекција треба да ги замени различните мерки кои сега се применуваат во 16 сојузни држави, кои инаку се надлежни во областа на здравството.

За време на гласањето за новите мерки, пред зградата на Парламентот беа организирани масовни протести против рестриктивните мерки, чии учесници полицијата мораше да ги растера со солзавец.

Бундестагот ги усвои измените со 342 гласа „за”, 250 „против” и 64 воздржани. Горниот дом на Парламентот, во кој се застапени федералните покраини, ќе го разгледа законот утре. Доколку биде одобрен во двата дома на Парламентот, тој ќе се применува до крајот на јуни.

Законот предвидува воведување полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, затворање на спортски и забавни објекти и затворање на многу продавници. Мерките автоматски ќе се применуваат во областите каде неделно има повеќе од 100 нови случаи на инфекција на 100.000 жители. Училиштата ќе мора да почнат со настава од далечина доколку бројот на заразени на 100.000 жители надмине 165.

Стапката на инфекција на ниво на цела Германија денеска изнесува 160 нови случаи на 100.000 жители, иако во земјата постојат големи регионални разлики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот