Мерил Стрип одржа лекција: Доста ми е од цинизам, критичност и било какви барања – ја загубив желбата за задоволување!

Познатата филмска дива и повеќекратна оскаровка во текот на својата повеќедецениска кариера си поставила неколку ставови за луѓето и животот…

„Повеќе едноставно немам трпение за некои работи во животот! Не затоа што станав арогантна, туку едноставно затоа што дојдов до точка кога не сакам повеќе да губам време на работи кои ме прават незадоволна и тажна“, објасни актерката.

Оскаровката се надоврза на тоа дека, исто така, и е доста од цинизам, претерани и неосновани критики, за кои како што вели, се наслушала во животот, како и од било какви барања и работи кои од неа константно се очекуваат.

„Ја загубив волјата за задоволување на оние кои не ме ценат, немам повеќе време за оние кои не ме сакаат и не сакам повеќе наутро да им се насмевнувам на оние кои не ми се насмевнуваат на мене. Исто така, нема повеќе да трошам ниту секунда од својот живот на оние кои ме лажат и се обидуваат да манипулираат со цел да добијат нешто од мене. Дури не сакам повеќе ниту да бидам во близина на оние кои се преправаат, кои се нечесни или површни. Не толерирам повеќе ароганција и не прифаќам тривијалност како норма“.

профимедиа

Мерил Стрип објасни дека таа е една од личностите кои мразат конфликти и дека светот во кој живееме е преполн со различности, но и нефлексибилност и едноумие, па тоа воедно е и причината поради која таа одлучила да ги избегнува ригидните и нефлексибилни луѓе.

„Во пријателството не толерирам недостаток на лојалност и изневерување. И не се согласувам со оние кои не знаат или не се во состојба да дадат комплимент или охрабрувачки збор, кога е потребно. А најважното од се е дека повеќе немамам трпение за некој кој не го заслужил моето трпение“, објасни познатата актерка која со тек на време била принудена да ги измоделира своите ставови и начинот на однесување кон луѓето, кои ја доведувале или барем се обидувале, да ја доведат во состојба на тага и разочарување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот