epa07137628 Paris Saint Germain's Angel Di Maria (L) in action against Lille's goalkeeper Mike Maignan during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and Lille (LOSC) in Paris, France, 02 November 2018. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Мењан бара зголемување, Милан не попушта – веќе бараат негова замена

Голманот на Милан, Мајк Мењан, би можел да го напушти клубот на крајот од сезоната 2025/26, објави Газета дело Спорт.

Францускиот репрезентативец влегува во последната година од договорот со „росонерите“, но преговорите за продолжување на соработката засега не донеле резултат. Иако разговори се водат веќе една година, клучните точки остануваат нерешени.

Мењан бара зголемување на платата, која моментално изнесува околу 3,5 милиони евра по сезона. Од управата на Милан не се убедени дека е исплатливо да вложуваат повеќе во голман кој следното лето ќе има 31 година, а во последниот период имал и проблеми со повреди и формата.

Доколку не се постигне договор, Менјан би можел да си замине како слободен играч во 2026 година. За неговите услуги веќе се интересираат Јувентус, Челзи и Баерн Минхен.

Милан, во меѓувреме, веќе ги разгледува опциите за негова замена. Прв на листата е јапонскиот репрезентативец Зион Сузуки, голман на Парма, кој летоска пристигна од Сент Тројден за 8 милиони евра, а неговата вредност оттогаш значително порасна.

Втора опција е Ноа Атуболу од Фрајбург, кој неодамна дебитираше за репрезентацијата на Германија и чие трансферно вреднување е околу 18 милиони евра.

Како алтернатива се споменува и голманот на Каљари, Елија Каприле, но неговото ангажирање би барало значително поголема финансиска инвестиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот