Мексико не успеа да го продаде претседателскиот Боинг, па ќе го врати назад

ФОТО: EPA

-Луксузните авиони немаат врска со реалноста и сиромаштијата во нашата држава, изјави Лопез.

Мексико ќе го врати претседателскиот авион од Соединетите Американски Држави бидејќи во 13 месеци не успеал да се продаде, истакна претседателот Андрес Мануел Лопез.

Откако ја презеде должноста левичарскиот претседател нареди да се продаде претседателскиот „Боинг 787-8“, како и 33 авиони и 39 хеликоптери кои им служеле на владини функционери.

-Луксузните авиони немаат врска со реалноста и сиромаштијата во нашата држава, изјави Лопез.

Мексико за паркинг и одржување на авионот во Калифорнија досега плати 1,4 милиони долари. Почетната цена на аукција која што властите планираат да ја направат ќе биде 130 милиони долари. Освен претседателскиот авион, на аукцијата останатите летала кои, според Лопез, се вишок.

Последна опција за Мексико е Боингот да се изнајмува за луксузни летови, па барем така, да врати дел од парите кои биле потрошени за набавка и одржување на леталото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот