Мексикански наркокартел ја предаде бандата која уби двајца Американци и се „извини“ за нивната недисциплина

Полиција Мексико/ Фото Архива на Слободен печат

Мексикански наркокартел ги предаде членовите на бандата за која тврди дека се одговорни за киднапирањето на четворица Американци и се извини за нивната „недисциплина“.

Петмината осомничени за убиството на двајца од четворицата Американци, како и една Мексиканка која случајно се затекнала во престрелката, биле оставени врзани до возилото заедно со рачно напишана белешка, објави лондонски „Тајмс“.

Фотографијата објавена во локалните медиуми ги покажува осомничените како лежат со лицето надолу на тротоар покрај писмото што наводно го напишала фракцијата „Скорпион“ од Заливскиот картел, која доминира во државата Тамаулипас.

Во белешката се тврди дека членовите на бандата ги прекршиле правилата за „почитување на животите и добробита на невините“.

„Одлучивме да ги предадеме директно вклучените и одговорните во настаните, кои цело време постапуваа по сопствена одлука и со недостиг на дисциплина“, се вели во писмото. Во него фракцијата Скорпион им се извинува на жителите на Матаморос каде што беа киднапирани Американците, на една Мексиканка која загина во престрелката и на четворицата Американци и нивните семејства.

Жртвите, кои допатувале од Браунсвил, Тексас, биле нападнати од заседа минатиот петок веднаш по пристигнувањето во Матаморос со автомобил со регистарски таблички од Северна Каролина.

Во Мексико банди киднапираа четворица американски државјани, ФБИ понуди награда за нивно ослободување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот