Мегваер е преценет, можам да најдам тројца аматери кои ќе играат како него

фото: твитер

Рафаел ван дер Варт не е голем вљубеник во играта на дефанзивецот на Манчестер јунајтед.

Хари Мегваер минатото лето за рекордни 80 милиони евра од Лестер премина во Манчестер јунајтед и стана најскап дефанзивец на сите времиња.

Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт смета дека Мегваер е преценет дефанзивец и „црвените ѓаволи“ платија рекордна сума на пари бидејќи очајно им беше потребен дефанзивец, а Лестер ја искористи можноста за да го  „одере“ Јунајтед.

Ван дер Варт во разговорот на холандска телевизија дури и се потсмеваше со квалитетите на Мегваер.

– Мислам дека Мегваер секој ден оди дома и и вели на сопругата „Многу сум лош, а толку заработувам, тие навистина мислат дека сум добар“. Искрено верувам дека тоа го прави и им се смее на сите. Доколку Мегваер вреди 80 милиони евра, тогаш Ван Дајк вреди 300 милиони. Можам да пронајдам тројца аматери кои се способни да го прават истото што го прави Мегваер на теренот. Сериозно го мислам тоа, знам дека звучи смешно, но верувам во ова што го зборувам – вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ајакс, Тотенхем.

Хари Мегваер е единствениот фудбалер во Премиер лигата која ги одигра сите минути досега и е единствен играч на Манчестер јунајтед кој ниту еднаш не е заменет во Премиер лигата. Згора на тоа, менаџерот Оле Гунар Солскјер сезонава му ја даде и капитенската лента.

Од друга страна, многу експерти дури и од Англија сметаат дека Мегваер не вреди 80 милиони евра, но коректно си ја извршува својата задача во одбраната на Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот